Денес заврши преодниот рок во најквалитетната лига за австралиски фудбал во светот – АФЛ. Од вкупните осумнаесет, денес беа активни петнаесет екипи, со исклучок на Аделаид Кроус, на Фриментл Докерс и на Голд Коуст Санс.
Во продолжение, можете да го прочитате епилогот од трејдувањето на секој тим во текот на денешниот ден.
Порт Аделаид Пауер:
Пауер го добија во своите редови Орацио Фантејзиа, проследен со 73. пик, од Есендон Бомберс, а за него дадоа два пикови: 29. и пик од идната трета рунда.
Освен него, во Аделаид дојде и Алиир Алиир од Сиднеј Свонс во замена за пик од идната втора рунда.
Есендон Бомберс:
Добиени пикови: 8, 29, 44, 74, 87 и пик од идната трета рунда
Дадени пикови: новодобиениот 29, 48, 78 и пик од идната втора рунда.
Бомберс, освен пиковите, се здобија со Џај Колдвел, кој дојде од ГВС Џајантс, а ги трејдуваа своите неколкугодишни членови Адам Саад и Орацио Фантејзиа во Карлтон Блус и во Порт Аделаид Пауер.
Карлтон Блус:
Блус можат релативно да се пофалат со трејдовите од последниот ден на преодниот рок – Еди Бетс потпиша продолжување на договорот на уште една година, а во клубот пристигнаа Адам Саад од Есендон Бомберс (со 48. и 78. пик) и Лечи Фогарти од Џилонг Кетс (со 38. пик). За овие два играчи, Карлтон даде четири пикови (8, 30, 51 и 87).
ГВС Џајантс:
ГВС Џајантс се едни од ретките состави што беа активни во последниот ден, а останаа со дефицит на играчи. Имено, од Сиднеј се иселија Џај Колдвел (во Есендон Бомберс) и Џереми Камерон (во Џилонг Кетс), а Џајантс, наместо нив, добија пет пикови (13, 15, 20, 29 и пик од втората рунда во 2021).
Хоторн Хокс:
Хоторн не беше многу активен во последниот ден од преодниот рок. Имено, Хокс го добија само Том Филипс, а за возврат, на Колингвуд Мегпајс им го дадоа 65. пик.
Колингвуд Мегпајс:
Колингвуд целосно го проформулира својот состав. Имено, ,,црно-белите” добија четири пикови (14, 65, 70 и пик од втората рунда во 2021), а изгубија два пикови (39 и 42) и четири играчи. Том Филипс замина во Хоторн Хокс, Адам Трелоур се пресели во Вестерн Булдогс, а Џејдин Стивенсон и Ату Босенавулаги ќе играат за Норт Мелбурн Кенгарус.
Норт Мелбурн Кенгарус:
,,Кенгурите”, слично како и Колингвуд, го променија драстично својот ростер. Откако не им го продолжија договорот на повеќе играчи, денес ги отпуштија уште Шон Хигинс (во Џилонг Кетс) и Бен Браун (во Мелбурн Демонс). Освен овие двајца важни играчи, Кенгарус трејдуваа уште два пикови (28 и 70 за 30 и 39). Во нивните редови, како нови играчи, пристигнаа Џејдин Стивенсон и Ату Босенавулаги од Сиднеј Свонс. Исто така, Џед Андерсон потпиша нов двегодишен договор.
Џилонг Кетс:
Актуелните вицешампиони донесоа два, а испуштија еден играч во последниот ден од преодниот рок. Во овој состав пристигнаа Шон Хигинс (од Норт Мелбурн Кенгарус) и Џереми Камерон (од ГВС Џајантс), а замина Лечи Фогарти (во Карлтон Блус). Како дополнителен биланс од овие трејдови, ,,Мачките” го заработија 51. пик, а дадоа пет други (13, 15, 20, 30 и 39).
Вестерн Булдогс:
Шампионите од 2016, во своите редови успеаја да го донесат само Адам Трелоур од Колингвуд Мегпајс, а за него дадоа два пикови (14 и пик од втората рунда во 2021).
Бризбејн Лионс:
Полуфиналистите од минатата сезона не направија драстични промени во својот ростер што се однесува до последниот ден од преодниот рок. Единствен што го напушти главниот град на Квинсленд беше Алекс Витерден, кој замина во Вест Коуст Иглс заедно со 86. пик. За него, Лионс го добија 58. пик и пик од третата рунда во 2021. Освен овој трејд, Лионс се трејдуваа со пикови со Мелбурн Демонс – за пиковите 18, 19 и пик од втората рунда во 2021 добија пик од првата рунда во 2021 и пиковите 25, 68 и 69.
Мелбурн Демонс:
Мелбурн Демонс трејдуваа пикови со Бризбејн Лионс и со Сиднеј Свонс, а од редовите на Норт Мелбурн Кенгарус го донесоа еден од најдобрите напаѓачи – Бен Браун. Како реџултат на целата активност во последниот ден, Демонс добија пик од втората рунда во 2021, како и пиковите со број 18, 19 и 28, а им дадоа шест други пикови на споменатите тимови (26, 31, 33, 43, 68 и 69).
Вест Коуст Иглс:
Единствениот клуб од Западот што беше активен во последниот ден од трансфер-рокот им ги даде 58. пик и пик од третата рунда во 2021 на Бризбејн Лионс за 86. пик и Алекс Витерден.
Сиднеј Свонс:
Во последниот ден од преодниот рок, Сиднеј Свонс заработија пик од втората рунда во 2021 и пиковите со број 31 и 43 од претстојниот драфт. Единствен играч што го напушти клубот беше Алиир Алиир, кој се пресели во Порт Аделаид Пауер, а единствен загубен пик беше оној со број 25.
Ст. Килда Сеинтс:
Во последниот ден од преодниот рок, Ст. Килда Сеинтс го доведоа Џек Хигинс од редовите на Ричмонд Тигерс, заедно со пикот 21 и пик од четвртата рунда во 2021. За возврат, им дадоа на ,,Тигрите” пик од втората рунда во 2021 и пикот 17.
Ричмонд Тигерс:
Пик од втората рунда во 2021 и пикот со број 17 се единствените заработки на актуелните шампиони од последниот ден на преодниот рок. Ричмонд ги доби наведените пикови од Ст. Килда Сеинтс како возврат за дадениот пик со број 21 и пик од четвртата рунда во 2021 и одличниот играч Џек Хигинс.