Вирална стана информацијата дека Македонија успеа да се квалификува на првото ЕУРО во својата историја.
Честитките доаѓаат од сите страни, а меѓу првите беше и таборот на Лидс. Претставниците на англискиот премиерлигаш срдечно му испратија честитки на нивниот член што е наш репрезентативец, Езѓан Алиоски, на својот Твитер профил.
На честитката, соиграчот на Алиоски од Лидс, Матеуш Клих, додаде хумористичен коментар, односно постави реторичко прашање за дали станува збор за Евровизија.



