
Плејофот за влез во шкотскиот Премиершип започнува со т.н. четврт-финале, преку кое се оди во полуфиналето за накрај, после дуел со претпоследниот прволигашки тим, да се обезбеди промоција.
Во првата фаза од овосезонското доигрување се соочија двата најголеми ривали од областа Фајф, односно Реит Роверс и Данфермлин.
Нивниот прв дуел од четврт-финалето заврши со 0-0, а после денешната победа од 2-0, Реит обезбеди полуфинале против Данди ФК.
Имено, Роверс двапати ја затресоа мрежата на Овен Вилијамс во второто полувреме, а стрелци беа Луис Воган (64′) и Гози Угву (89′).
Момците од ,,Старк’с Парк” влегоа во Чемпионшип минатата сезона како шампиони на Лиг 1, а влез во елитата чекаат уште од сезоната 1996/97.



