Трансферот Ферлан Менди на 12 јуни 2019 година е последната трансакција на Реал Мадрид за играч од првиот тим и кога ќе почне летниот преоден рок, Кралскиот клуб ќе има полни две години без да купи нов фудбалер.
Реал не купува играчи, но се трошат пари на реновирање на ,,Сантјаго Бернабе”. Летово во клубот има и претседателски избори, кандидатите ќе ветуваат скапи засилувања, па сигурно ќе се потрошат милиони евра за освежување на тимот, но две години без купен играч се многу.
Порано Флорентино Перес ги уриваше светските рекорди на најскапи трансфери, но сега беше принуден да ја смени политиката и да се посвети на реновирањето на стадионот. Сепак, по изборите, ако ја добие довербата, навивачите ги интересираат титули, а не спектакуларноста на стадионот.