Ливерпул го комплетираше договорот со 25-годишниот Бен Дејвис, дефанзивец кој доаѓа од Престон Норт Енд, тим кој се натпреварува во Чемпионшип. Дејвис во Ливерпул ќе носи дрес со бројот 28.

„Ова е огромна можност за мене. Бев изненаден кога ми се јавија, среќен сум што сум тука. Досега никогаш немав стапнато на Енфилд, ова ми е првпат. Набрзина разгледав наоколу, видов дека теренот е како тепих” – изјави воодушевено Дејвис.