Спортинг го доби лисабонското дерби против Бенфика со 1:0 и потврди дека сезонава е сериозен кандидат за освојување на титулата во португалското првенство и прекинување на доминацијата на Порто и Бенфика, кои се единствени прваци од 2003 година па се до сега. Последната 18-та титула на ,,Лавовите” беше во 2002 година.
Сезонава Спортинг нема пораз и по 16 кола е прв, со четири бода плус во однос на вториот Порто, додека Бенфика падна на четврто место со девет бода помалку од Спортинг. Голот кој го одлучи синоќешното градско дерби падна во 92-рата минута, а стрелец беше Матеус Нунес: