Наполи ова лето ќе направи реконструкција и промена на играчкиот кадар. Четворица фудбaлери ќе го напуштат тимот од кој што најголемо обештетување треба да се плати за сенегалскиот дефанзивец Кулидо Кулибали кој има трансферна цена од 90 милиони евра. Левиот бек и репрезентативец на Алжир, Гулам е пред излезни врати, но и се очекува рехабилитација на неговата повреда па на лето да најде нов ангажман.
Фудбалерот од средниот ред, бразилецот Алан се поврзуваше со трансфер во ПСЖ, иако за него има интерес и од Атлетико Мадрид и Евертон. Полскиот репрезентативен напаѓач, Милик не се договори за продолжување на соработката со Наполи и затоа ќе замине во друг клуб, а една од опциите му се тимовите на: Јувентус, Тотенхем и Челзи. Белгискиот напаѓач Дрес Мертенс го продолжи договорот со наполитанците.



