Екипата на Шалке штотуку го претрпе и вториот пораз во низа од ре-стартот на германската бундеслигашка сезона. Имено, тимот од Гелзенкирхен, на домашен терен, беше поразен и надигран од Аугсбург.
Гостите од Баварија успеаја да дојдат до победата од 0-3 благодарение на головите на Едуард Левен (6′), Ноа-Жоел Саренрен-Базее (76′) и Серхио Кордова (90+1′).
Шалке, со поразот во претходното коло од Дортмунд со 4-0, ја загуби шестата позиција на табелата, која води во Лига Европа, а денес дополнително си ја искомплицира ситуацијата и падна на осмото место. Од друга страна, Аугсбург изби на дванаесеттото место и стекна предност од седум поени во однос на Фортуна Дизелдорг – првиот загрозен тим.



