Во текот на изминатиот викенд беше завршена регуларната сезона од КХЛ.
Традиционално, во плејоф се пласираа вкупно шеснаесет екипи, односно најдобрите осум од Западната и најдобрите осум од Источната конференција.
Доигрувањето започнува денес, а паровите од Западот се:
ЦСКА Москва (1) – Спартак Москва (8)
СКА Ст. Петербург (2) – Динамо Минск (7)
Динамо Москва (3) – Северстаљ Череповец (6)
Локомотив Јарослављ (4) – Јокерит (5)
Од друга страна, на Истокот ќе се соочат:
АК Барс Казањ (1) – Торпедо Нижњи Новгород (8)
Авангард Омск (2) – Автомобилист Екатеринбург (7)
Металург Магнитогорск (3) – Барис Нур-Султан (6)
Салават Јулаев Уфа (4) – Трактор Чељабинск (5)
📸 cheltv.ru