Mакедонскиот фудбалски шампион Струга Трим Лум денес од 17 часот игра против Есперанж во третото квалификациско коло од Конференциската лига и се надева на нов триумф и пласман во плејофот на натпреварувањето.
„Работиме напорно, мислам дека сум повторно стариот играч, уживам со соиграчите и постигнувам голови. Нè чека тежок меч, но одиме на победа. Мотивирани сме максимално и веруваме во нашите квалитети“– изјави напаѓачот на стружани Марјан Радески.