ФК Караорман е македонски фудбалски клуб од Струга. Клубот настапува во Третата фудбалска лига – Југозапад. ФК Караорман бил формиран во 1923 година, под името „Црн Дрим“, од напредната струшка младина. Меѓу еден од основачите на ФК Караорман бил и познатиот македонски сликар, Вангел Коџоман. По Втората светска војна, клубот го добил денешното име Караорман. Во својата историја, клубот една сезона има настапувано во Првата фудбалска лига. Потоа се натпреварувал во Втората фудбалска лига, a денес е член на Третата фудбалска лига.
Пред една година за нов претседател е избран поранешниот фудбалер на ФК Караорман, господин Ристе Ќушкоски и нова управа . Ќушкоски за порталот www.javisejuzna.mk ја даде следната изјава:
“Планот и желбата ни е со посветена и напорна работа да го вратиме ФК Караорман еден од најстарите македонски фудбалски клубови со 97-годишна историја догодина во Втората лига. За таа цел уште мината сезона вративме неколку поранешни легенди на Караорман да се грижат околу клубот и заеднички со помладите кои го имаат Караорман во крвта се надеваме ќе успееме во оваа наша цел. Годинава донесовме 10-тина квалитетни засилувања кои треба да го носат клубот догодина до пласман во Втората лига. Покрај играчки планот ни е клубот да го подигнеме на едно повисоко ниво маркетиншки, организациски, вложуваме во инфраструктура,… Целта е една и единствена да го вратиме сјајот на овој препознатлив бренд на Струга како младите уште повеќе би се вратиле во нашите фудбалски школи, a љубителите на фудбалот и на Караорман на трибините”