понеделник, ноември 16, 2026
  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
No Result
View All Result
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
Почетна Спорт Останато

ЕКСКЛУЗИВНО: Кенениса Бекеле нема да трча во Лондон против Елиуд Кипчоге

Епов Насе ✏️ Епов Насе
октомври 2, 2020
📁 Останато, Спорт
Најдобар фитнес центар во Струга Најдобар фитнес центар во Струга Најдобар фитнес центар во Струга

На 4 октомври, во недела, во Лондон ќе се одржи фамозниот Лондонски маратон. Светот беше во долго исчекување на оваа трка бидејќи требаше, во директен дуел, да се соочат двете најголеми ѕвезди – Елиуд Кипчоге и Кенениса Бекеле.

Кипчоге е светски рекордер на оваа дисциплина со време од 2:01:39 часа, поставено на 16 септември 2018 во Берлин. Исто така, Кениецот е и единствен човек што ја истрчал маратонската дистанца за помалку од два часа, но не на трка, туку на специјално организиран настан.

Од друга страна, Бекеле важи за еден од најдобрите тркачи во историјата со бројни светски рекорди во својата кариера. Етиопиецот, минатата година, во Берлин, го постави второто најбрзо маратонско време во историјата, кое беше само две секунди послабо од актуелниот светски рекорд.

Сепак, Бекеле денес јавно соопшти дека нема да трча во Лондон.

,,Многу сум разочаран бидејќи нема да можам да трчам во недела.
Поминав тежок подготвителен период, со карантин, кога не можев да го имам со мене мојот тим. Бев во добра форма, но потоа почувствував болка во листот на левата нога, после двете врзани брзи тренинг сесии во последните недели од подготовките.
Оттогаш, имав третмани секој ден и навистина верував дека ќе бидам подготвен, но денес болката е полоша и знам дека нема да можам да се тркам.
Оваа трка беше навистина важна за мене. Минатиот пат, во Берлин, добив самодоверба и мотивација, па едвај чекав да се покажам повторно, работев напорно на тоа. Знам дека многу луѓе низ светот едвај ја чекаа тркава и жал ми е што ќе ги разочарам моите фанови, организаторите и натпреварувачите. Ќе ми треба време за да се опоравам и се надевам дека ќе учествувам во Лондон наредната година.” – се огласи Бекеле на својот официјален Инстаграм профил.

Tags: атлетикаБекелеКипчогеМаратон
ShareTweet
Претходна вест

(ВИДЕО) Бризбејн избори победа над Ричмонд за полуфинале

Следна вест

Р.Ќушкоски – Заеднички да го вратиме сјајот на струшкиот бренд “ФК КАРАОРМАН”

Епов Насе

Епов Насе

Љубител на голем број спортови, но пред сè на англиски фудбал.

Слични вести

Македонски ѕид во Германија: Томовски ја реши битката за врвот!
Ракомет

Томовски херој на Битигхајм: Гол и 10 одбрани за вреден бод против моќниот Мелсунген!

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
16/Ное/2026
ДВОЈНА РАДОСТ ЗА ЖРК СТРУГА: ДВЕ ПОБЕДИ ВО ДВА ДЕНА!
Ракомет

ДВОЈНА РАДОСТ ЗА ЖРК СТРУГА: ДВЕ ПОБЕДИ ВО ДВА ДЕНА!

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
15/Ное/2026
ЧАИР ГО ПРЕГАЗИ КУР И ПОВТОРНО ИСПИША ИСТОРИЈА! ОСМИНАФИНАЛЕ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ПРЕТСТАВНИК ВО ЕХФ КУПОТ!
Ракомет

ЧАИР ГО ПРЕГАЗИ КУР И ПОВТОРНО ИСПИША ИСТОРИЈА! ОСМИНАФИНАЛЕ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ПРЕТСТАВНИК ВО ЕХФ КУПОТ!

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
15/Ное/2026
Вардар славеше во интересното дерби со Алкалоид
Ракомет

Вардар славеше во интересното дерби со Алкалоид

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
14/Ное/2026
Следна вест

Р.Ќушкоски - Заеднички да го вратиме сјајот на струшкиот бренд "ФК КАРАОРМАН"

Последно

Томовски херој на Битигхајм: Гол и 10 одбрани за вреден бод против моќниот Мелсунген!

ДВОЈНА РАДОСТ ЗА ЖРК СТРУГА: ДВЕ ПОБЕДИ ВО ДВА ДЕНА!

ЧАИР ГО ПРЕГАЗИ КУР И ПОВТОРНО ИСПИША ИСТОРИЈА! ОСМИНАФИНАЛЕ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ПРЕТСТАВНИК ВО ЕХФ КУПОТ!

Вардар славеше во интересното дерби со Алкалоид

ВО ЖИВО: Вардар – Алкалоид

Победа на Македонија до 17 години против Унгарија со Хет-трик на Стефан Ристиќ

Ние стремиме кон презентирање на македонската публика во најдобро можно светло, промовирајќи ги сите македонски кои се натпреваруваат на домашна сцена и на меѓународна. Ви благодариме!

Следете не!

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.

  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.