
Последните настани од олимписката програма во брзо лизгање беа трките со масовен старт во машка и во женска конкуренција.
Кај мажите, првото злато на ЗОИ за Белгија после 1948 го освои Барт Свингс (7:47,11), кој доби дури 63 спринт-поени.
Второто место му припадна на Кореецот Џае-вон Чунг (7:47,18), додека за третата позиција, во фотофиниш до илјадити дел од секундата, Сеунг-хоон Ли (7:47,20) го надлизга Џои Манша.
Во женска категорија, Ирене Схутен го доби третото злато на тековните Зимски олимписки игри со 60 спринт-поени.
Со првото индивидуално олимписко одличје во сребрена боја се закити Канаѓанката Ивани Блондан, а европската шампионка од 2018 во оваа дисциплина, Франческа Лолобриџида, освои бронза.