Машката репрезентација на Белгија во хокеј на трева стана нов олимписки шампион во овој спорт.
За европската селекција, ова е трет олимписки медал, но прв со најблескав сјај.
Во финалето, Белгијците славеа над Австралија после пенали, откако во регуларниот дел, резултатот гласеше 1-1.
Во третата четвртина, Том Џозеф Викам погоди за почетна предност на Австралија, а во наредниот период, Флорен ван Обел донесе израмнување.
Во пенал-серијата, херој на Белгија беше голманот Винсент Ванаш, кој одбрани три противнички удари.
Од неговите соиграчи, прецизни од белата точка беа гореспоменатиот ван Обел, Артур де Слоовер и Александер Хендрикс.
Во мечот за третото место, Индија ја победи Германија со 5-4.