Денес беа одиграни заостанатите натпревари од англиската Национална Лига, односно за првпат компетитивно во 21. век се соочија ривалите Вејмут и Јеовил.
Нивното ривалство потекнува од географската местоположба што ги прави двете екипи единствени (полу)професионални во областите Сомерсет и Дорсет, заедно со второлигашот Барнмут.
Имено, Јеовил беше стандарден член на професионалните англиски фудбалски лиги во последните години, пред да доживее релегација во петтата лига во сезоната 2018/19. Од друга страна, Вејмут дојде во петтата дивизија минатата сезона преку плејофот на Националната Лига Југ.
Во пресрет на денешната средба и двете екипи се наоѓаа во долната половина на табелата, а накрај, Јеовил успеа да триумфира по третпат во низа и да скокне до 19. место, оставајќи го противникот во ,,црвената зона”.
Стрелци на трите погодоци за ,,зелено-жолтите” беа Џош Нуфвил (14′), Алби Скенди (19′) и Џоу Квигли (88′).
Вејмут остана со играч помалку во 87. минута, кога директен црвен картон доби Џејк МекКарти, кој направи пенал.
📸 Yeovil Town FC (Twitter)