среда, јануари 27, 2021
  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
No Result
View All Result
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
Почетна Спорт Останато

Петкратниот шампион го надигра составот на Пијаченца

Епов Насе ✏️ Епов Насе
јануари 5, 2021
📁 Останато, Спорт

Петкратниот италијански одбојкарски шампион базиран во Чивитанова, Волеј Лубе, во рамките на 16. коло од Серија А, се соочи со Пијаченца.

Двете екипи важат за гиганти на италијанската одбојка во 21. век, но Лубе покажа драстично подобри перформанси на денешниот меч.

Имено, домаќините триумфираа со вкупни 3-1, откако по почетното водство, Пијаченца успеа само да израмни на 1-1.

По сетови, резултатот гласеше 25-19, 22-25, 25-20 и 25-19.

Најефикасни одбојкари од победничкиот состав беа Јоанди Леал (17), Камил Рихлицки (15) и Османи Хуанторена (13) со 58% успешност во нападот.

Кај Пијаченца, најмногу се истакна Иранецот Мохамад Мусави со 14 поени и со 73% успешност.

За Лубе, ова е 17. врзана победа над денешниот ривал, кој во меѓувреме доживеа и финансиски колапс. Патем, последен пат кога Пијаченца славеше над Лубе беше на 23 јануари 2014, кога во плејофот на ЛШ, победи со 3-0, а потоа и го елиминираше ривалот преку ,,златен” сет.

Со новите три поени, тимот спонзориран од истоимената фабрика за кујни останува на второто место, додека Пијаченца, со вториот врзан пораз, ја доведе во опасност шестата позиција што води во плејоф.

📸 Lega Pallavolo Serie A

Tags: ИталијаЛубеодбојкаПијаченцаСерија А
ShareTweet
Претходна вест

Македонија ја доби контролата со Чиле

Следна вест

Прво дерби во 21. век: Јеовил дојде до третата победа во низа

Епов Насе

Епов Насе

Љубител на голем број спортови, но пред сè на зимските и на англиски фудбал.

Слични вести

(Фото) Шкендија до У-19 го доби противникот во Лига шампиони
Спорт

(Фото) Шкендија до У-19 го доби противникот во Лига шампиони

✏️ Предраг Јанчески
27/Јан/2021
(Видео) Само Меси има повеќе погодоци од Барди од слободни удари
Спорт

(Видео) Само Меси има повеќе погодоци од Барди од слободни удари

✏️ Предраг Јанчески
27/Јан/2021
(Видео) Неверојатен тим и гости се радуваме што ве имавме
Ракомет

(Видео) Неверојатен тим и гости се радуваме што ве имавме

✏️ Предраг Јанчески
27/Јан/2021
(Видео) Димитриевски е спремен за канонада од удари против Барселона
Спорт

(Видео) Димитриевски е спремен за канонада од удари против Барселона

✏️ Предраг Јанчески
27/Јан/2021
Следна вест
Прво дерби во 21. век: Јеовил дојде до третата победа во низа

Прво дерби во 21. век: Јеовил дојде до третата победа во низа

Последно

(Фото) Шкендија до У-19 го доби противникот во Лига шампиони

(Видео) Само Меси има повеќе погодоци од Барди од слободни удари

(Видео) Неверојатен тим и гости се радуваме што ве имавме

(Видео) Димитриевски е спремен за канонада од удари против Барселона

(Видео) Арсенал го претстави кралското засилување

Македонските судии ќе го судат дербито

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА

Ние стремиме кон презентирање на македонската публика во најдобро можно светло, промовирајќи ги сите македонски кои се натпреваруваат на домашна сцена и на меѓународна. Ви благодариме!

Следете не!

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.

  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.