Сè уште младиот, но веќе реномиран атлетски клуб ,,7 Ноември” од Гевгелија, во текот на претстојниот викенд ќе ја организира првата градска трка низ најрамниот град во нашата земја.
Имено, поради настанатата пандемија, трката ќе се одвива виртуелно, така што секој натпреварувач ќе трча сам, на патека по сопствен избор низ територијата на цела општина Гевгелија.
На програмата ќе бидат две трки, на пет и на десет километри. Секој учесник ќе добие финишер медал, а за најдобрите ќе има медали и пехари.
Како датум за организирање на трката, со намера е одберен 7 ноември заради одбележување на денот на ослободувањето на Гевгелија. Од истата причина и атлетскиот клуб го носи истото име.
За повеќе информации посетете го официјалниот Фејсбук или Инстаграм профил на ,,АК 7ми Ноември Гевгелија”.
Доколку има заинтересирани, истите можат да се регистрираат на следниот линк: http://runnerspot.com/event/Gevgelija
https://www.facebook.com/102624317856396/posts/360573998728092/