По добивањето на резултатите од тестирањето пред почетокот на подготовките на ракометната репрезентација и објавувањето на веста дека тројца ракометари се позитивни на коронавирусот, селекторот Данило Брестовац реши дополнително да го повика ракометарот на Вардар, Гоце Георгиевски.
Првиот натпревар нашата селекција ќе го одигра во среда во Скопје со почеток од 20 часот, а три дена подоцна не очекува гостување во Швајцарија. Македонија ќе атакува на позитивни резултати од двата квалификациски натпревари.



