Според денешната програма во Конихзее, по вчерашните спринтови, беше одржана трката на машки дублови во склоп на јубилејното 50. Светско првенство во санкање на вештачки патеки.
Накрај, до првата светска титула дојдоа Германците Тони Егерт и Саша Бенекен (1:39,931), кои беа водечки и после првата серија.
На втората позиција завршија нивните сонародници и новите шампиони во спринт, Тобијас Вендл и Тобијас Арлт (+0,155), а подиумот го комплетираа браќата од Летонија, Андрис и Јурис Шикс (+0,660).
📸 team-thueringer-wald.com



