Претпоследниот слалом од Светскиот куп во алпско скијање во машка конкуренција се одржа по ноќни услови во Флахау, Австрија.
На него, на првата победа во својата кариера се радуваше Норвежанецот Атле Ли МекГрат (1:52,51), кој беше второпласиран после првата серија.
На второто место се искачи Французинот Клеман Ноел (+0,29), додека третопласиран беше Швајцарецот Даниел Јул (+0,64).
Лидерот после првиот дел, Јоханес Штролц (+0,66), имаше голема предност, но поради грешка заврши на четвртата позиција и го испушти подиумот за само две стотинки.
Петтото место го зазеде неговиот сонародник, Марко Шварц (+0,69), а во првите десетмина се најдоа уште: Мануел Фелер (+0,76), Лук Винтерс (+0,83), Себастијан Фос-Солевааг (+0,88), Линус Штрасер (+0,98) и Лука Ерни (+1,01).