Болтон е еден од главните фаворити за титулата во англиската четврта лига, имајќи ги во предвид сите засилувања и промени направени во пресрет на сезоната.
Сепак, избраниците на Ијан Еват, во првите три кола забележија исто толку порази, притоа без постигнат погодок.
Во четвртото коло, поранешниот премиерлигаш дојде до првите поени во Лиг 2, откако, на гостински терен, го совлада дебитантот Херогејт со 1-2.
Стрелци на головите за Болтон беа Еоин Дојл (11′) и Нејтан Делфунесо (57′), а заостатокот на домаќините го преполови Џорџ Томпсон (61′).
После овој меч, Херогејт е дванаесетти тим на табелата со пет освоени поени, а Болтон е седум места подолу.