За првпат после еден месец и два дена, екипата на Блекбурн запиша победа во англискиот Чемпионшип.
Во увертирата на триесет и петтото коло, избраниците на Тони Моубреј славеа над КПР со 1-0.
Домаќините пружија подобра партија на ,,Ивуд Парк” од своите ривали и заслужено дојдоа до трите поени.
Стрелец на единствениот погодок беше Реда Хадра (77′), кој се запиша во листата на стрелците по четврт пат во сезоната.
На табелата, Блекбурн го презеде четвртото место, спуштајќи го денешниот ривал на петтата позиција.