
Седмата овосезонска трка од календарот на Формула 1 беше трката за големата награда на Франција.
На неа, Макс Ферстапен ја искористи пол-позицијата и ја запиша третата победа во сезоната, откако во претпоследниот круг го претекна Луис Хамилтон.
Хамилтон, на овој начин, наместо да има два поени предност, се соочува со дефицит од дванаесет бодови во генералниот пласман во однос на Ферстапен.
Холанѓанецот доби и дополнителен поен за најбрз круг, поставувајќи време од 1:36,404.
Неговиот клупски колега од ,,Ред Бул”, Серхио Перез, по победата во Азербејџан, дојде до нов пиедестал, пласирајќи се на третото место.
Валтери Ботас ја заврши трката како четвртопласиран, а поени освоија уште Ландо Норис, Даниел Рикардо, Пјер Гасли, Фернандо Алонсо, Себастијан Фетел и Ленс Строл.



