
Шефилд Јунајтед го отвори триесеттото коло од англискиот Чемпионшип со триумф од 1-2 над Бирмингем Сити.
Популарните ,,Сечила” дојдоа до четвртата победа во низа, откако направија експресен пресврт на ,,Ст. Ендру’с Стадиум”.
Најпрво, во 61. минута, со вториот гол на последните две средби, предност на домаќините им донесе Лајл Тејлор.
Сепак, само тринаесет минути подоцна, избраниците на Ли Бојер имаа резултатски заостаток, откако Били Шарп (64′) и Џејден Богл (74′) ја затресоа мрежата на Нил Етериџ.
На табелата, Шефилд Јунајтед скокна на десеттото место, додека Бирмингем ја зазема седумнаесетта позиција.




