Брентфорд и Престон го одиграа првиот денешен дуел од четвртото коло на англискиот Чемпионшип.
Новото засилување од редовите на Питерборо, Ајван Тони, двапати ја затресе противничката мрежа во првото полувреме (8′ и 43′), давајќи му предност од 2-0 на Брентфорд.
Сепак, во вториот дел, момците на Томас Франк примија дури четири погодоци и загубија со 2-4. За Престон, двоен стрелец беше Скот Синклер (52′ и 60′), а по еднаш погодија Бред Потс (63′) и Шон Мегваер (70′).
За Престон, ова беше прва победа сезонава, за вкупно четири освоени поени и гол-разлика од 6:6. Потпочно ист учинок има и Брентфорд, а двете екипи ги заземаат четиринаесеттата и петнаесеттата позиција на табелата.