
Третиот натпреварувачки викенд од Светскиот куп во санкање на вештачки патеки се одржа во Парк Сити (САД) и заврши со женската индивидуална трка и со спринтовите.
Кај дамите во поединечна конкуренција, до првата овосезонска победа дојде Дајана Ајтбергер (1:26,471), пред Емили Свини (+0,139) и пред Јулија Таубитц (+0,148).
Во женскиот спринт, на пиедесталот беа истите нации со тоа што Германија дојде до 1-2 победа преку Таубитц (31,717) и преку Ајтбергер (+0,099), а гордоста на домаќините ја одбрани Бритни Арндт (+0,185).
Кај женскиот дубл, првите две места беа исти како и на првиот спринт во Инсбрук, а третото место им припадна на Џесика Дегенхардт и на Шејен Розентал (+0,275).
Имено, пред нив завршија Андреа Фетер и Марион Оберхофер (+0,127), а до победата и до водство во генералниот поредок дојдоа Селина Егле и Лара Михаела Кип (32,195).
Во машки двојки, Германија повторно имаше двоен триумф преку Тобијас Вендл и Тобијас Арлт (31,862), односно преку Тони Егерт и Саша Бенекен (+0,010), додека третопласирани беа Австријците Јаник Милер и Армин Фраушер (+0,030).
Кај мажите во индивидуална категорија, Доминик Фишналер (27,552) го запиша вториот триумф во Парк Сити, а на пиедесталот завршија уште Давид Глајршер (+0,088) и Феликс Лох (+0,130).