Во периодот од 11-14 август на ракометното игралиште покрај женска плажа во Струга “Горан Попоски- Бабец” ќе се одржи 49-то издание на Меѓународниот ракометен турнир во Струга.

Oваа година на турнирот ќе учествуваат шест тимови: Вардар, Еурофарм Пелистер, Металург, Струга и уште два тима кои треба да бидат познати деновиве. А за догодина за јубилејното 50-то издание се најавува спектакл со елитата на Европскиот ракомет.