петок, март 24, 2023
  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
No Result
View All Result
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
Почетна Спорт Ракомет

(Видео) Погледнете ги Бакари и Моралес новите одлични ракометари на Вардар

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА ✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
јули 1, 2021
📁 Ракомет

Вардар1961 во новата сезона ќе биде посилен за уште двајца нови интренационалци кои доаѓаат од првенството на Франција. Екипата ќе има нови играчи на позициите на лев и десен бек, Диало Бакари и Јоел Куни Моралес.

Французинот Бакари Диало (27) доаѓа од тимот на Трембле. Тој во кариерата има настапувано во Франција. Од 2013 до 2019 година го носеше дресот на екипата на Понто Комбо. Потоа шест сезони во овој тим направи трансфер во Трембле каде што настапуваше во последните две години.Овој лев бек сезонава одигра 24 средби за Трембле, а постигна 35 гола. Има процент на реализација од 61,4 проценти, а игра во двата правци. Претходно во сезоната 2019/20 на 18 натпревари имаше 38 гола и процент на успешност при шутот кон противничкиот гол од 62,3 проценти. Ракометарот располага со добар удар од далечина, но и со добра финта и лесен и брз пробив до линијата од шест метри.

𝗔 𝘄𝗮𝗿𝗿𝗶𝗼𝗿, 𝗿𝗲𝗮𝗱𝘆 𝘁𝗼 𝗳𝗶𝗴𝗵𝘁 🛠🔜 Bakary Diallo💛🖤 #TeamTremblay #YABA #EmotionPassionCombat 🖤💛#TeamHummel 🐝 #ShareTheGame #handball #sports #goalkeeper #andebol #video #clip #mondaymotivation hummel Lidl Starligue

Posted by Tremblay en France Handball on Monday, April 5, 2021

Десниот бек Јоел Куни Моралес (34) доаѓа од тимот на Данкерк, Франција. Тој е кубански интернационалец. Како дел на Данкерк последната сезона играше на 28 меча даде 29 гола. Претходно две години беше член на Иври. Во сезоната 2018/19 на 13 меча даде 60 гола, додека во сезоната 2019/20 на 17 натпревари постигна 59 погодоци.Моралес по заминувањето од Куба беше долги години во Португалија.Започна во Порто, настапуваше за Аванка во сезоната, 2012/13, потоа го носеше две сезони дресот на Мадеира, пред повторно да се пресели во Порто, каде остана вкупно девет години. Од Порто замина во Франција.

Вардар1961 ќе го почне подготовките за новата сезона на 15 јули во Скопје. По четири дена во Скопје и извршување на потребните медицински прегледи тимот заминува за Златибор кад еостанува до 29 јули. Потоа се враќа во Скопје и планирано е настап на турнирот во Струга и на Хумел купот во Германија.

ShareTweet
Претходна вест

Познат терминот на 49-то издание на Меѓународниот ракометен турнир во Струга

Следна вест

(Галерија) Прогласена е за НАЈЗГОДНА жена на светот

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА

Портал кој се залага за презентација пред се на македонската публика во сите сфери како спорт, музика, филм и сите слободни артисти кои што сакаат да бидат презентирани на јавноста. Слободно испраќајте ни ги Вашите активности и идеи и ние сме овде за да Ве презентираме на нашата публика.

Слични вести

Познати полуфиналните парови кај дамите  за Ф4 во Купот
Ракомет

Стружанка го пречекува Пелистер (плеј-оф жени)

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
23/Мар/2023
Струга дома со Неготино, Охрид го пречекува тимот на Чантурија (Група-А)
Ракомет

Струга викендов гостува во Неготино (плеј-аут)

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
23/Мар/2023
Вардар тргнува против Охрид, Еурофарм Пелистер со Тиквеш (плеј оф)
Ракомет

Следува дерби за титула!

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
23/Мар/2023
(Видео) Последната одбрана на Митревски која му овозможи напад за победа на Порто
Ракомет

Митревски беше одличен со 12.одбрани за едно полувреме

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
22/Мар/2023
Следна вест
(Галерија) Прогласена е за НАЈЗГОДНА жена на светот

(Галерија) Прогласена е за НАЈЗГОДНА жена на светот

Последно

(ВИДЕО) Каролина обезбеди плејоф и покрај поразот од Њујорк Ренџерс

(ВИДЕО) Авангард со ,,чистка” до конференциско финале на Истокот

(ВИДЕО) Карлтон победи актуелен шампион за првпат после тринаесет години

(ВИДЕО) Парамата му се реваншира на Пенрит за поразот во финалето

Стружанка го пречекува Пелистер (плеј-оф жени)

Струга викендов гостува во Неготино (плеј-аут)

Ние стремиме кон презентирање на македонската публика во најдобро можно светло, промовирајќи ги сите македонски кои се натпреваруваат на домашна сцена и на меѓународна. Ви благодариме!

Следете не!

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.

  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.