Во пресрет на тековната сезона, српскиот стратег, Владимир Ивиќ, беше назначен за нов тренер на Вотфорд.
Србинот го освои признанието за тренер на месец ноември во Чемпионшип, а само три недели подоцна се соочи со отказ, на којшто му претходеше поразот од Хадерсфилд со 2-0.
Во последните шест години, Ивиќ беше вкупно осмиот различен тренер на Вотфорд, а од денес, фудбалската јавност го дозна и деветтиот во тој интервал.
Станува збор за поранешниот фудбалер од шампионската генерација на Валенсија – Шпанецот Чиско Муњоз.
Муњоз ја прекина играчката кариера во 2016. Оттогаш беше помошен тренер на Химнастик и на Побла Мафумет, а првото право тренерско искуство го имаше во Динамо Тбилиси. Со поранешниот шампион на СССР, Муњоз успеа да ја одбрани титулата во грузиската лига, пред да се пресели во Англија.



