Две екипи што веќе две сезони по ред се жестоки конкуренти за промоција од Лиг 1 во Чемпионшип, Ипсвич и Портсмут, ги одмерија силите во рамките на 17. коло.
Оваа средба беше со исклучителна важност и за нивните тренери, Пол Ламберт и Кени Џекет, кои и покрај солидните резултати, не покажуваат квалитетна игра.
Накрај, победата ја однесе Портсмут, кој триумфираше со 0-2, благодарение на двојниот стрелец Рајан Вилијамс (29′, 44′), кој немаше ниеден овосезонски погодок во пресрет на овој меч.
За популарните ,,Помпи”, ова беше трет триумф во низа во сите натпреварувања без примен погодок и со гол-разлика од 7-0, а воедно и четврта врзана победа над денешниот ривал. Со новите три поени, составот на Кени Џекет изби на третото место на табелата, додека Ипсвич падна на шестото, но сепак остана во плејоф-зоната.