
Англискиот фудбалер со турско државјанство, Колин Казим-Ричардс, уште познат и како Казим Казим, од вчера потпиша за осумнаесеттиот различен клуб во својата сениорска кариера.
Имено, 35-годишниот напаѓач се враќа во татковината на својата мајка, откако официјално беше претставен како ново засилување на турскиот прволигаш – Фатих Карагумрук.
Како јуниор, Казим-Ричардс ги бранеше боите на Интервуд, на КПР и на Арсенал, а првиот професионален договор го доби од Бери во 2004.
Оттогаш, со исклучок на последниот трансфер, Турчинот играше за: Брајтон, Шефилд Јунајтед, Фенербахче, Галатасарај, Бурсаспор, Фејеноорд, Селтик, Коритиба, Коринтијанс, Веракруз, Пачука и Дерби Каунти.
Токму во Дерби ги помина последните две сезони (негов најдолг престој во една екипа) и на 61 настап заби тринаесет погодоци, а од 2007 до 2015, за Турција одигра 37 средби и постигна два гола.
Од горенаведените клубови, Казим-Ричардс беше испратен на вкупно пет позајмици на четири различни локации: Тулуз, Олимпијакос, Блекбурн и Лобос БУАП.