Босанскиот интернационалец во дресот на Јувентус, Миралем Пјаниќ ова лето ќе си замине од Торино и ќе бара нова средина. По четиригодишен престој и 167 одиграни натпревари каде што шест пати го подигнуваше трофејот, сега ќе бара нов предизвик во кариерата. Пола Европа е заинтересирана за неговите услуги, а прашање е кој ќе биде поуспешен и побрз за негов ангажман.
Како прв фаворит се издвојува Барселона која нуди играчи во замена за Пјаниќ и веќе се шпекулира дека ќе се потпише четиригодишен договор. Но менаџерот на Јувентус, Маурицио Сари сака да го трампа за играчот на Челзи, Жоржињо со кој успешно соработуваа во Наполи и во Челзи. Како трета опција се појавува тимот на ПСЖ. Навистина босанскиот 30-годишен репрезентативец има слатки маки каде да ја продолжи кариерата.