На дваесет и осмото издание на Трката низ Словенија во велосипедизам, по четиринаесетти пат славеше домашен натпреварувач.
Имено, на овогодинешниот настан, после петте етапи, најдобар беше Тадеј Погачар (19:18:09), кој ја одбрани титулата од минатата сезона.
За актуелниот шампион на Тур д Франс, ова е втора круна на трката низ Словенија, а со ист учинок можат да се пофалат уште Митја Махорич (2003 и 2004), Јуре Голчер (2006 и 2008), Примож Роглич (2015 и 2018) и Диего Улиси (2011 и 2019).
Оваа година, Погачар имаше две етапни победи, исто колку и Рафал Мајка, а еднаш триумфираше уште Дилан Гроневеген.
Накрај, Словенецот, освен зелената, ја доби и сината маичка за најмногу поени, а како најдобар планински возач беше назначен Рафал Мајка.
Мајка (+0:12) беше второпласиран на крајот на целата турнеја, а третото место му припадна на Домен Новак (+1:22).
Највпечатливиот момент дојде од претпоследната етапа, кога двајцата лидери беа во убедливо водство и го одлучија победникот со ,,лист, камен, ножички” пред целната линија.