Најдобрата македонска пливачка Миа Блажевска-Еминова исплива одлично н а Светското првенство во Будимпешта и постави нов македонски рекорд на 100 метри грбно.

Таа настапи во втората квалификациска трка, а новиот македонски рекорд на 100 метри грбно изнесува 1:04.11 минути.