Победничко деби на Иван Марковски на клупата на Металург откако попладнево лесно славеа Еурофарм Пелистер 2 со убедливи 36-23. Златко Хорват со 9 гола беше прв стрелец за Металург, Калуѓеровиќ постигна 8, додека Петровиќ и Павле Атанасијевиќ беа најефикасни кај битолчани со по 5 погодоци.



