Екипата на Стружанка стигна до нова победа во Женската лига откако на домашен терен славеше против Ѓорче Петров со 26:23. Најефикасни во составот на Стружанка беа Магдалена Делиоска со 8 гола иТеодора Дукоска со 7 погодоци. Кај гостинките се истакна Ангела Цветановска со 7 гола.