Охрид успеа со пресврт да слави против Еурофарм Пелистер на домашен терен со 24:22 (полувреме 10:12). Кај Охрид наједфикасен беше Темураз Орјоникидзе со 7 гола, додека во тимот на Еурофарм Пелистер 2 најпрецизен беше Мирче Кајлаџиески со 7 гола.

Вардар на гостувањето во Прилеп забележа висока победа со 22:35. Најефикасен во победничката екипа беше Матија Николиќ со 11 погодоци, додека кај Прилеп најдобар беше Никола Цветаноски со 8 погодоци.

Еурофарм Пелистер славеше на гостински терен кај Вардар Неготино со 17:32. Петар Атанасијевиќ со 8 и Костески со 7 погодоци беа најефикасни кај шампионот, додека Адамовиќ постигна 5 за Вардар Неготино.
Алкалоид славеше против Аеродром со 30:44. Најефикасен за победникот беа Иван Џонов со 10 погодоци и Александар Петковски со 8 гола. Кај Аеродром најдобри беа Наум Костов со 7 и Стефан Бошковски со 6 погодоци.

Тиквеш славеше на гостински терен кај Куманово со 16:28. Најдобaр кај победникот беше капитенот Страхиња Симиќ со 6 гола, додека во Куманово се истакнаа Иван Димитров и Јован Даневски со по 3 погодоци.
Пролет дома го совлада Мулти Есенс со 32-27. Давор Палевски со 6 голови и Александар Василевски и Филип Арсеновски а со по 5 погодоци беа најефикасни за Пролет. Кај гостите Олег Јорданов со 12 и Божидар Илиевски со 9 постигнати голови беа најдобри поединци.
Струга славеше висока победа над Скопје со 37:28 во 4. коло од Суперлигата на домашен терен. Мерис Бошњак со 10 и Петар Бугариновиќ со 9 голови ја предводеа Струга во денешниот триумф над Скопје.