Струга славеше висока победа над Скопје со 37:28 во 4. коло од Суперлигата на домашен терен.
Мерис Бошњак со 10 и Петар Бугариновиќ со 9 голови ја предводеа Струга во денешниот триумф над Скопје.
На крајот од мечот во последните неколку минути тренерот Танески им даде шанса и на дел од младинците и кадетите на Струга кои тренираат со првиот тим. Па во игра покрај Филип Мечкароски и Филип Велјаноски, кои добија минутажа на претходните натпревари ги видовме и голманот Пејчиноски и бекот Гускароски.