
На третото натпреварување од норвешката турнеја во ски скокови, ,,Роу Ер”, победа избори Силје Опсет.
Имено, Норвежанката триумфираше во Лилехамер со напредок од шест позиции во однос на првата серија.
Зад неа се пласираше Зелина Фрајтаг, а лидерката во поредокот на турнејата, Ема Клинец, го освои третото место.
Пласманот во топ 6 го комплетираа Јуки Ито, Катарина Алтхаус и Ника Крижнар, а првопласираната од првиот дел, Еирин Марија Квандал, потфрли и го освои седмото место.




