
Во дваесет и петтото коло од италијанската Серија Б, Пиза не ја оправда фаворитската улога и ремизираше со 1-1 против Венеција.
За Венеција, овој бод значеше скок на тринаесеттото место на табелата со натпревар повеќе во однос на конкурентите, додека Пиза остана на шестото место.
Гостите стекнаа водство во првото полувреме, кога Антонио Кандела (17′) го заби својот дебитантски погодок во новата средина.
Сепак, во вториот дел, конечниот резултат го постави Еторе Љоци (74′) од пенал, кој со девет голови сезонава се израмни на третото место на листата на стрелците со Јоел Похјанпало (Венеција) и со Џанлука Лападула (Каљари).
Од неутралните навивачи, овој меч доби сериозни критики поради претераното учество на ВАР со кој, пеналот на Пиза беше повторно изведен по првичниот промашај, а претходно не беше досуден удар од белата точка за Венеција.