Две од неколкуте најзвучни екипи во италијанската Серија Б, Кјево и Емполи, ги одмерија силите во рамките на 13. овосезонско коло.
Во пресрет на овој меч, двата конкуренти за промоција во Серија А одиграа четири последователни ремија.
Денес, на стадионот ,,Марк’Антонио Бентегоди” во Верона, оваа серија беше продолжена, откако Кјево и Емполи ремизираа со 1-1.
Во првото полувреме, Џоел Оби (18′) им донесе водство на домаќините, а Емполи израмни на 1-1 преку Андреа Ла Мантија (60′).
Во продолжение, претставниците на Верона останаа со играч помалку на теренот, откако вториот жолт картон на мечот го заработи Франческо Ренѕети (69′).
После денешниот дуел, Кјево останува на деветтото, а Емполи на првото место на табелата.



