Денешната програма на тековното дваесетто коло од англискиот Чемпионшип ја отворија екипите на Норвич и на Кардиф.
Во пресрет на овој меч и двата ривали имаа по четири победи на последните пет средби, притоа заземајќи ги првата и десеттата позиција на табелата.
Норвич ја продолжи позитивната серија, откако денес славеше со 2-0 над велшките претставници.
Стрелец на првиот погодок беше Емилијано Буендија (27′), а Аргентинецот му асистираше на Тод Кентвел (70′) за поставување на конечниот резултат.



