Maкедонската ракометна репрезентација од завчера е во Дебрецин, а денес ќе го одигра првиот натпревар на Европското првенство против Словенија со почеток од 18 часот.
Жарко Пешевски е еден од нашите адути кој игра одлично годинава во најквалитетната лига во светот.
За нас секој натпревар почнувајќи од Словенија е важен. Ќе одиме чекор по чекор. Имаме наш систем и негуваме наша игра. Ќе се држиме во планот. Јас сум еден од тие последни што се приклучија ан репрезентацијата. Оваа е мотивирана екипа која е желна за борба. Со срце на терен сакаме одлично да се покажеме на секој меч и да одиграме како што знаеме, па на крајот да постигнеме и добар резултат.



