Maкедонската ракометна репрезентација од завчера е во Дебрецин, а денес ќе го одигра првиот натпревар на Европското првенство против Словенија со почеток од 18 часот.
Филип Талески еден од најважните , веројатно и најважната алка во репрезентацијата на Македонија кој ќе има многу задачи и во напад и одбрана за медиумите го изјави следното:
Се подготвуваме уште од 22 декември, ги анализиравме сите противници и подготвени го очекуваме ова ЕП. Словенија е еден голем фаворит и во минатите години покажала дека се бори за медал на големите собири. Ние одиме да се надмудруваме со нив, да се бориме докрај, да го оставиме срцето на терен, па нека победи подобриот.