Maкедонската ракометна репрезентација од завчера е во Дебрецин, а денес ќе го одигра првиот натпревар на Европското првенство против Словенија со почеток од 18 часот.
Еден од најискусните во македонската репрезентација покрај капитенот и слекторот Кире Лазаров, е и Филип Миркуловски кој освен што е играч, ја има и позицијата асистент-селектор во стручниот штаб.
Во интервјуто за Европската ракометна федерација (ЕHF), Миркуловски го изјави следното:
Многу добро ги познаваме сите играчи, што е полесно и за мене и за Кире. Зад нас имаме богати кариери, и натаму играме во одлични клубови. Младите играчи можат многу да научат од нас на теренот и мислам тоа е добро за сите.
Тој 20 години е на врвно ниво. Тој е еден од ретките играчи, не само во ракометот кои играат вака добро, на тие години. Знаеме дека е тешко да се најде нов Киро, но мора да го дадеме нашето најдобро да го пренесеме сето знаење.