Репрезентативниот пикер, Жарко Пешевски, во рамките на германската ракометна Бундеслига и неговиот тим Штутгарт славеше триумф над фаворизираниот тим на Лајпциг со резултат од 23:25.
Македонскиот кружен напаѓач го заврши мечот со три погодоци и беше еден од најдобрите стрелци на гостите, заедно со Фатишер и Кристијансон. Штутгарт со 19 освоени бода е на 11-то место во Бундеслигата.