понеделник, април 19, 2021
  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
No Result
View All Result
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
Почетна Спорт Мотоспорт

(Фото) Ристо Вуков спремно ја дочекува натпреварувачката сезона

Предраг Јанчески ✏️ Предраг Јанчески
март 7, 2021
📁 Мотоспорт, Спорт

Автомобилистот Ристо Вуков – Рико ги стартуваше подготовките за новата сезона и упати апел до МНР

Неколку седмици откако на гламурозна промоција во Скопје го претстави автомобилот Порше 991 ГТ3 со кој ќе настапува во 2021 година, македонскиот автомобилист Ристо Вуков – Рико веќе ги најави првите активности.

Иако официјалните тестирања за италијанскиот куп се закажани во мај, тој веќе во втората половина на март ќе има приватни тестирања со тимот на Џанлука Ди Лоренци, со кој што настапуваше и минатата година.

– Од тимскиот шеф имам конкретни забелешки! Лани најголем проблем имав со чувството за сопирачките, бидејќи тоа не е како во обичниот живот, туку од мене се бара отсечен и силен удар по педалата, нити пресилен, нити преслаб. Тоа го компромитира влезот во свиокот, брзината низ свиокот, однесувањето на возилото. Не е едноставно! Исто така ми бараше да бидам поагресивен со воланот, да не стравувам дека ќе го изгубам возилото и така натаму. Сето тоа планирам да го корегирам оваа година. Оваа зима ја посветив на различен тип на тренинзи, како на физички план, така и на психички план одржувајќи концентрација преку возење на симулатор, надградувајќи ги досегашните искуства. Патеките веќе ги познавам добро, така што сега е време да се состави мозаикот. Минатата сезона Вуков за прв пат возеше во Порше Карера Куп Италија, но во таа мисија се соочи и со низа непријатности бидејќи поради светската пандемија границите беа затворени. Во одредени моменти, неговите настапи зависеле од разбирањето што можеле да го имаат полицајците во странските земји низ кои патувал, или пак од снаодливоста да ја мине границата со рент-а-кар возило кое има странски таблички, само за да не биде задржан.

– Испраќам апел до надлежните институции, пред се Министерството за надворешни работи, заедно со Агенцијата за млади и спорт, за нас како спортисти кои ја претставуваме државата на разни европски и светски натпреварувања, да ни обезбеди соодветна документација со која ќе можеме полесно да ги оствариме нашите цели. Нашите патувања беа исполнети со разни моменти на депримираност и дефокусираност од главната цел, буквално моравме да преговараме на некои гранични премини или со некои претставници на полицијата во земјите каде што патувавме. Искрено се надевам дека оваа година и на тоа поле ќе има напредок, бидејќи моја цел е да бидам на подиумот и да го развеам македонското знаме.

ShareTweet
Претходна вест

(Фото) Црно Буки со победничка песна си замина по дербито во Струга

Следна вест

Пешевски му носи победа на Штутгарт против фаворитот Лајпциг

Предраг Јанчески

Предраг Јанчески

Слични вести

ЖКК Бадел по планот ја совладаа и Струга за максимален ефект
Кошарка

Бадел владее во женската кошарка

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
18/Апр/2021
(Галерија) Стружанки неможеа против расположениот Бадел
Кошарка

Кошаркарките од Струга убедливо ја освоија Крива Паланка

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
18/Апр/2021
Кошарка

(Видео) Димитријевиќ и Хувентут го испотија Реал Мадрид

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
18/Апр/2021
(ВИДЕО) Авангард го отвори финалето со гостински триумф
Останато

(ВИДЕО) Авангард го отвори финалето со гостински триумф

✏️ Епов Насе
18/Апр/2021
Следна вест
Пешевски му носи победа на Штутгарт против фаворитот Лајпциг

Пешевски му носи победа на Штутгарт против фаворитот Лајпциг

Последно

Бадел владее во женската кошарка

Кошаркарките од Струга убедливо ја освоија Крива Паланка

(Видео) Димитријевиќ и Хувентут го испотија Реал Мадрид

(ВИДЕО) Авангард го отвори финалето со гостински триумф

(ВИДЕО) Ферстапен славеше после хаосот во Имола

(ВИДЕО) Ван Аерт најдобар во фото-финишот на Амстел Голд Рејс

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА

Ние стремиме кон презентирање на македонската публика во најдобро можно светло, промовирајќи ги сите македонски кои се натпреваруваат на домашна сцена и на меѓународна. Ви благодариме!

Следете не!

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.

  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.