Пикерот Марија Петреска која долги години го носеше дресот на ЖРК Стружанка од Струга е нова ракометарка на екипата на ЖРК Металург.

Тимот од Автокоманда секогаш се труди да е во самиот врв на македонскиот женски ракомет, а Петреска треба да биде дел од екипата која ќе парира и во наредната сезона на најдобрите тимови во нашето првенство.



