Пеп Гвардиола и Манчестер Сити уште сега скроија план околу потенцијални засилувања на екипата по крајот на актуелната сезона. На врвот на списокот се најде Ерлинг Халанд, младиот голгетер на Борусија Дортмунд за кого ,,Граѓаните” се подготвени да издвојат дури 100 милиони фунти, или околу 115 милиони евра.
На англискиот гигант не му се чека до летото 2022 година кога на сила ќе стапи клаузулата на Халанд од 75 милиони евра, односно 68 милиони фунти, па затоа ќе издвојат повеќе средства за да се обезбеди потписот на одличниот голгетер. Инаку, таткото на Халанд, Алф-Инге,е поранешен играч на ,,Граѓаните”, па нема да биде чудно доколку Ерлинг ги следи неговите стапки.