
Исто како и во Лига Европа, така и во првото издание на Лигата на конференции, првопласираните екипи од групната фаза одат директно во осминафиналето.
Од друга страна, второпласираните тимови, во првата нокаут-фаза, ќе ги одмерат силите со третопласираните од групите во Лига Европа.
Како најдобри во првата рунда, кои заслужија пауза, се покажаа: ЛАСК Линц, Гент, Рома, АЗ Алкмаар, Фејеноорд, Копенхаген, Рен и Базел.
Во спротивно, целосната ждрепка од извлекувањето во Нион, можете да ја видите на наредната фотографија.